Видео: Ја пронашол мајка му 20 години откако го оставила!

Американецот Давид Год(25) одлучил да ја побара својата мајка. Таа го оставила своето дете и решила да се врати во своето племе Yanomami во Амазон.Неговиот татко, антрополог Кенет Год отпатувал таму во 1975 година, и 15 месеци го проучувал племето.
Останал да живее со нив 12 години. Поглаварот на племето му кажал да најде жена бидејќи не е природно мажот да живее без жена. Му ја понудил својата најмлада сестра Јарими. Кенет имал 36 години а неговата жена околу 12 години. Немало кавги но и не било тоа класичен брак, со оглед на тоа дека таа и понатаму живеела со нејзината мајка а само му носела храна. Но, со време се зближиле и станале брачен пар.
Со оглед на тоа дека во племето имало само 1, 2 и многу… тој воопшто и не знаел колку години има неговата жена кога прв пат имале секс.
Но тој не можел вечно да остане во Амазон, па често си одел и се враќал. Но, додека тој не бил таму таа била во опасност, еднаш дури била грабната и групно силувана.
Токму поради тоа Кенет решил да ја земе со себе. Па таа прв пат видела дека има живот и надвор од племето. Заедно отишле во Њујорк каде се венчале. Потоа се родил Давид, една година подоцна се родила Ванеса и на крај три години подоцна Даниел.

 
Таа со текот на  времето се навикнала на животот во големиот град. Автомобилите ги нарекувала магија а започнала и да ужива во шопингот.Сепак некои работи не можела да ги прифати до крај.
Токму затоа после неколку години решила да се врати во племето. Нејзиниот маж не и дозволил да ги земе децата. Тој подоцна снимил и филм за неговиот живот.
Давид(најстариот син) вели дека се чувствувал како експеримент додека расне. Филмот прв пат го погледнал на 21 година. Па на некој начин разбрал зошто неговата мајка ги напуштила.
Потоа решил да ја посети.
-Видов жени, мажи и деца на брегот како чекаат. Жените беа топлес, а мажите во кошули и кратки панталони. Пуштен бил глас дека стигнува брод.
-Бев возбуден… Сите се собраа околу мене и ме допираа. Ме влечеа за уши, коса…
Јарима разбрала дека тоа бил нејзиниот син… Кога ја видел, веднаш ја препознал…
-Кога ја забележав во тој момент се запрашав „Што да правам?“. Сакав да ја бакнам и прегрнам. Ја ставив раката на неа и таа започна да плаче и да се тресе. Беше многу возбудена. И јас започнав да плачам…
Давид со неговата мајка останал три месеци.
Му донела две жени за да го наговори да остане но безуспешно.
Потоа Давид се решил да се врати назад во САД.
Неговата мајка била очајна кога тој си заминал но и ветил дека ќе ја посети пак.
 
Неговиот татко, антрополог Кенет Год отпатувал таму во 1975 година, и 15 месеци го проучувал племето.
Останал да живее со нив 12 години. По

Пронајдете не на следниве мрежи: