четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: Како да дадеш отказ, а да останеш запаметен?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Давањето отказ е стресна ситуација, која никој не ја сака. Што се можете да направите кога ќе останете без нерви, а не сакате тивко да си отидете? Еве неколку инспиративни примери како да му дадете до знаење на шефот дека вие е доста од се.Да почнеме од последниот пример, репортерка на телевизиската куќа „KTVA-TV“, Шарло Грин даде отказ за време на преносот во живо, со зборовите: Заеби го ова, давам отказ“ и најави како планира да се посвети на борбата за легализација на марихуаната на Алјаска. 

Марина Шифрин работеше за компанија која создаваше видео-вести. „Сега е 4:30 и јас сум на работа… Мојот шеф е загрижен за бројот на кликови… Одлучив да направам едно видео, во кое не треба да се грижам за бројот на кликови и можам да се посветам на содржината“ – изјави Шифрин во танцувачкото видео, при што си даде отказ. Доби повеќе од 18 милиони кликови. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Стјуарт Стивен Слејтерн го опцу патникот, пред да го напушти авионот, користејќи тобоган за багажот. После тоа од облеката ја тргна ознаката на компанијата и отиде дома, да има секс со своето момче, при штоа полицијата го пронајде и го обвини за загрозување на безбедноста.

Џои Дефранческо даде отказ пред збунетиот шеф со помош на своите пријатели, кои за тоа време чекореа со него и свиреа на инструменти. 

Гвен Дин даде отказ пред повеќе од 100 милиони луѓе, кои го гледаа спектаклот „Супербоул“. Изјавила дека сака да почне сопствен бизнис и во тоа и успеала. 

На Фејсбук страницата на државата Монтана, неименувана администраторка дала отказ, откако напишала „Да ја е*бам оваа работа“ и најавила дека ќе се сели со своето семејство. Добила повеќе од 150 000 лајкови.Да почнеме од последниот пример, репортерка на телевизиската куќа „KTVA-TV“, Шарло Грин даде отказ за време на преносо

Поврзани вести