Видео: Како да направите пикантен гулаш со пилешки прсти?!

Ако немате идеја што денес да готвите ние ви предлагаме пилешки гулаш со фантастичен вкус. А најдобро од се е што брзо се подготвува.Потребно е:
– Пилешки прсти
– 3 главици кромид
– 1 зелена пиперка
– 1 свеж домат
– 2 моркови
– 1 шолја масло
– 1 кафена лажичка сладок црвен мелен пипер
– 1 кафена лажичка мелена лута пиперка
– 1 лажичка зачини
– малку сол и бибер, сецкан лист од магдонос, гранче рузмарин, ловоров лист
– 1 кафена лажичка брашно
Подготовка:
Кромидот ситно исецкајте го, па пропржете го на масло, додадете го исечканиот морков, па кога малку ќе се пропржи додадете ги на коцки исечените пилешки прсти, додадете вода и малку динстајте. Потоа додадете ја зелената пиперка, рузмаринот и ловоровиот лист. Налевајте по малку вода и водете сметка да не загори. Кога месото е скоро веќе сварено додадете го излупениот и исечкан домат. Пред крајот ставете ги сите зачини, како и црвената пиперка.
Во шолја разматете брашно во малку вода па истурете во гулаш. На крајот ставете го насечканиот магдонос, помешајте, пуштете уште 2 минути да крчка и со тоа гулашот е готов.
Како прилог додадете варен ориз или пире од компир. Потребно е:
– Пилешки прсти
– 3 главици кромид
– 1 зелена пиперка
– 1 свеж домат
– 2 морко

Пронајдете не на следниве мрежи: