Видео: Како да отстраните крлеж на најлесен начин

Летните месеци придонесуваат за експанзија на крлежиКога ќе дојдат до саканата цел, крлежите со плунка исфрлуваат анестетска течност и со своите мали клешти ја раскинуваат кожата, при што човекот ништо не чувствува, бидејќи тоа место е под анестезија. Течноста која крлежите ја исфрлуваат спречува згрутчување на крвта и крлежите на тоа место можат мирно да седат повеќе од една недела. Во медицината се смета дека постојат три фази на заболување. Првата се манифестира со црвенило во околината на убодот на крлежот, а втората може да доведе до поголеми компликации, при што можат да се појават болки во зглобовите, промени во ритамот на срцето и промени на централниот нервен систем, од воспаление на мозокот до парализа на нервите. Сите овие тегоби и промени ја карактеризираат и третата фаза, но далеку поинтензивни и многу поизразени. Неопходно е да се истакне дека секогаш не доаѓа до првата фаза, а познато е дека пациенитите се јавуваат кога влегле во втората или дури третата фаза на болеста. Системот на лечење е многу различен и затоа постојат и различни терапии, т.е. ако лечењето не се препознае веднаш, обично трае еден месец. Притоа најважно е крлежот да се најде во првите 6 до 12 часа од времето на убодот и со пинцета треба да се отстрани со „отштрафување“, спротивно од насоката на сказалките на часовникот. Никакво третирање со масло, гас или дури лак за нокти не е препорачливо, туку стручно лице да го извади од кожата и потоа да го следи тој дел на кожата каде бил убодот или целата кожа на човекот 32 часа. Во продолжение погледнето го видеото кое ќе ви покаже како да реагирате ако во случај ви се закачи некој крлеж:

 Кога ќе дојдат до саканата цел, крлежите со плунка исфрлуваат анестетска течност и со своите мали клешти ја раскинуваат кожата, при што човекот ниш

Пронајдете не на следниве мрежи: