Францускиот филм „А ФОНД“ на режисерот Николас Бенамоу се очекува да се проектира во киносалите во франција на 21 декември годинава. Главната локација на снимањето се случуваше токму на скопската обиколница.Минатата година додека траеше снимањето, обиколницата беше затворена 7-ми до 11-ти септември од 7 до 19 часот. Сообраќајот беше забранет од клучката кај Хиподром до делот кај Сарај.
По снимашето на обиколницата, целата машинерија на филмот се пресели на автопатот Неготино- Велес, каде делницата исто така беше затворена за време на снимањето до 23 октомври.
За овој филм 120 македонски возачи беа дел од највозбудливите сцени на македонските автопати, а беа обучени од француските каскадери. За снимањето на сцените се користеше најмодерна технологија која за прв пат се употреби во Македонија.
Филмската екипа броеше 200 луѓе од Франција и Македонија. Дополнително се ангажираа и околу 300 домашни статисти. За потребите на снимањето се обезбедија од 300 до 400 возила. За транспортот на екипата зад сцената се употребуваа над 20 камиони, 15 комбиња, автобуси, виљушкари и кранови.Минатата година додека траеше снимањето, обиколницата беше затворена 7-ми до 11-ти септември од 7 до 19 часот. Сообраќајот беше забранет од клучкат