Доволен е само е еден корисник за да ви ја наруши репутацијата, без разлика на тоа за колкава и која компанија зборуваме.Во случајов станува збор за корисник кој си купил Galaxy S4, но само што го ставил на полнење смартфонот се запалил. Наместо да ја поправи штетата, Samsung се „дозакопа“ со реакцијата.
Видеото е поставено на 2 декември и истото привлече големо внимание, но уште поинтересно е второто видео кое корисникот го објави неколку дена подоцна, во кое го објаснува развојот на настаните по поставувањето на првото видео.
Тој вели дека при обидот да добие замена за оштетениот смартфон, Samsung од него побарал прво тој да потпише документ според кој мора да ги отстрани видеата од YouTube и нивниот меѓусебен договор да го чува во тајност.
Во случајов станува збор за корисник кој си купил Galaxy S4, но само што го ставил на полнење смартфонот се запалил. Наместо да ја поправи штетата,