Видео: Како настануваат сите оние Твитер хитови?

Дали некогаш сте се запрашале што е потребно за вашиот потег да биде она за кое, сите ќе твитаат? Всушност, нема правила – потребна е оргиналност, малку памет и многу среќа.Најновата британска студија истражуваше различни начини за ширењето на популарноста на интернетот, и сето тоа преку три видео записи кои го освоија светот.
Предмет на нивното истражување беше кампања, од компанијата “Dove”, под име “Real Beauty Sketches”, потоа видео записот “Won’t eat cereal” со глумецот Рајан Гослинг и видео записот “Вселенски гитаристи” со Крис Хедфилд.
Меѓутоа, оние кои се надевале на магичен рецепт за успех, при оваа прилика ќе останат разочарани. Правилото е јасно – нема правила.
“Не постои единствена магична формула”, потребна е само креативност.
Кога во прашање се Гослинг и снегулките, успехот е заснован на Твитеровата “Vine” апликација. Видео записот стана популарен кога го превземаа популарните и прочуени “Best Vines Ever” и “Vine Loops”.
Хедфилдовите видео записи, снимање гитара во вселената постигнаа успех, благодарејќи на методот “од уста до уста” или кај нас “од колено на колено”.
Всушност, видеото кое беше објавено на 12-мај, забележи висок пораст во гледаноста веднаш после три дена, колку што му беше потребно на добриот глас надалеку да се прочуе. За многу маркетинг компании најзанимлив е случајот со компанијата “Dove”, која креираше посебен хаштаг #WeAreBeautiful, привлекувајќи внимание на својата внимателно, организирана инспиративна кампања.
Објавените студии имаат и видео записи, кои на сликовит начин ни го доловуваат ширењето на овие видео записи преку целата планета.
Погледнете ги видеата на think.mkНајновата британска студија истражуваше различни начини за ширењето на популарноста на интернетот, и сето тоа преку три видео записи кои го освоија

Пронајдете не на следниве мрежи: