Видео: Како се прави виршлата? – Погледнете со празен желудник

Дали некогаш сте се запрашале како всушност се прави виршлата? Или пак, јадете без да ве интересира што има во главната состојка на хот-догот. Доколку сте обожавател на виршли, и не сакате тоа да се промени, не го читајте текстот, а никако не го гледајте ниту видеото.
Еве од што се состои виршлата:
Месо
Традиционалната виршла се состои од остатоци од свинско месо, бидејќи котлетите, сланината и шунката веќе се одвоени. Се додава пилешко и мисиркино месо, па потоа се меша заедно. Се разбира, се работи за остатоци од месо како што се: кожа, коски, нозе, глава, црева, при што сето тоа убаво се меле за да се добие изедначена маса.
Вода
За да омекне виршлата е потребно многу вода. Колку смесата е помека, толку е полесно да се набие во пластичните кесички.
Скроб
Колбасите од сите можни видови, од најевтините до најлуксузните, содржат многу скроб. Најчесто тоа е компиров скроб, а скробот дава поголема зафатнина на виршлата.
Сол, млечни протеини, натриум нитрати, калиум и натриум три – фосфати, ароми, натриум аскорбат, боја и полифосфати
Тоа се хемиските состојки во виршлата кои ја регулираат маснотијата, бојата и влијаат на нејзиниот вкус.
E250 – Натриум нитрит e главниот виновник за рак на цревата.
Мононатриум глутамат – Предизвикува алергија и дехидрирање.
E451 – Калиум и натриум три фосфати – помагаат во спојување на водата и мастите. овие состојки освен во виршлите се користат и во детергенти и антифриз.
E120 – се користи за да го обои месото, а се изработува од вид на инсекти кои се варат во амонијак и сода.
Многумина од нас се свесни за преработката и содржината на виршлата, но сепак хот – догот е една од најдобрите и најпознати брзи храни на светот.
Сепак, препорачуваме да го погледнете видеото со празен желудник.Дали некогаш сте се запрашале како всушност се прави виршлата? Или пак, јадете без да ве интересира што има во главнат

Пронајдете не на следниве мрежи: