Научниците тврдат дека преминувањето во зимско сметање на времето опасно влијае врз здравјето, што може да доведе до многу болести.„Наместо сега да се враќа, часовникот само треба да се помести час напред напролет и тоа ќе го зголеми бројот на сончеви часови и ќе ги охрабри луѓето повеќе време да поминуваат во природа“ – велат научниците.
„Вакви промени би имале бенефит за децата и постарите лица кои не излегуваат откако ќе се стемни. Тие ќе добијат повеќе часови да минат на сонце и за физички активности“ – вели еден од истражувачите.
Со поместувањето на стрелките на часовникот за еден час наназад во зима се стемнува порано,и луѓето, особено постарите се прибираат дома веднаш штом ќе се стемни, со што се намалува времето за прошетка и физичка активност што пак е неопходно за нивното здравје.
Инфарктите се 17 отсто почести во недела кога часот се поместува нанапред, отколку две седмици пред тоа. Исто така, зачестеноста на срцевите удари е 71 отсто поголема во однос на претпоследниот ден по зимското сметање на времето.
Други студии откриле дека тинејџерите имаат послаби резултати на контролните задачи, што е последица на недоволен сон.
Студијата која е објавена во Американскиот журнал за кардиологија вели дека нарушувањата на сонот го хаотизираат нивото на хормони и го зголемуваат крвниот притисок што влијае на срцето.
Некои британски статистики упатуваат дека во ова време доаѓа до пораст на сообраќајните несреќи, бидејќи возачите мора да се носат со мрачните утра.
Истражувањето го спровела Ивон Херисон – експерт за спиење од „Џон Мурс“ универзитетот во Ливерпул.
Во списанието „Sleep Medicine Reviews“ таа вели дека на телото му е потребна цела седмица за да се навикне на промената.
„Наместо сега да се враќа, часовникот само треба да се помести час напред напролет и тоа ќе го зголеми бројот на сончеви часови и ќе ги охраб


