На интернет се појави снимка од телефонски разговор на поранешни затвореници кои планирале да го убијат Џастин Бибер.
На снимката се слуша како еден од осомничените го нарачува убиството. Американците Ден Мартин и Марк Ејрон Стејк се осомничени дека планирале да го убијат поп пејачот Џастин Бибер, а потоа да ги продадат неговите тестиси.
На снимката се слуша како Ден Мартин, кој во тоа време бил во затвор поради силување, го нарачува убиството од платениот убиец Танер Рауне.
Во разговорот, кој го објави пораталот ТЗМ, Мартин и Тарнер за пејачот и неговиот телохранител го користат прекар „Питбул“.
„Марк ќе ги убие питбулите, а ти ќе ги кастрираш“, вели Мартин на снимката.
Убиството требало да се случи во ток од неколку часа по снимениот разговор, но њујоркшката полиција навреме ги уапси момчињата.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. На интернет се појави снимка од телефонски разговор на поранешни затвореници кои планирале да го убијат Џастин Бибер.