Видео: Киднапиран студент моли за откуп, во глава му е вперена АК 47

Студентот Доминик Нојбауер од Австрија, во кој бил кинднапиран минатата година во декември во Јемен, пред камерите моли за него да биде платен откуп, додека терорист држи Калашников вперен во неговата глава.
Тој бил киднапиран на 21 декември минатата година во главниот град на Јемен, заедно со брачен пар од Финска. Тој бил неколку недели во едно јемнско племе во регионот Кавлан, кое по преговорите со властите го предало на Ал Каеда.
Доменик преку видео снимака моли за него да биде платен откуп, бидејќи во спротивно терористите ќе го убијат за седум дена. Додека тој исплашено ја снимал видео пораката, терористот кон него имал вперено АК 47.
Од кога е заробен, ова е негово прво обраќање, а зборовоите кои ги упатил биле: „Мама, тато, Лукас и Ангела ве сакам повеќе од се на светот“.
Извор: ДенешенСтудентот Доминик Нојбауер од Австрија, во кој бил кинднапиран минатата година во декември во Јемен, пред камерите мол

Пронајдете не на следниве мрежи: