Демократската кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон, во првото јавно обраќање по поразот од Доналд Трамп, изјави дека изборниот резултат е болен и дека е разочарана, но на Трамп му посакала успех и му понудила да соработуваат, јавуваат агенциите.„Синоќа му честитав на Доналд Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја. Се надевам дека тој ќе биде успешен претседател на сите Американци“ – изјавила Клинтон пред насобраните во хотел на Менхетен.
Клинтон навела дека изборите покажале како САД „се поделени повеќе отколку што се мислело, но гласачите го рекле своето.“
Воздржувајќи ги солзите, таа им порачала на нејзините гласачи дека мора да ги прифатат резултатите од изборите и ги повикала нив, како и членовите на својот персонал да „продолжат да работат за доброто на земјата“.
„Ова не е исходот кој го поакувавме и за кој толку се боревме и жал ми е што не победив на овие избори, поради вредноста која ја делиме и визиите што ги имаме за нашата земја“ – рекла Клинтон.
Според нејзините зборови, треба да се гради Америка „полна со надеж, инклузивност и големо срце“ и мора да се почитуваат и бранат владеењата на правото, рамноправноста, слободата и вероисповеста.
Клинтон нагласи дека американската демократија зависи од „мирна транзиција на власта“.
„Доналд Трамп ќе биде наш претседател. Му должиме отворен ум и шанса да ја води земјата“ – заклучила Хилари Клинтон.„Синоќа му честитав на Доналд Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја. Се надевам дека тој ќе биде успешен претседател на сит