ВИДЕО: КОЈ КОЛКАВО ПАРЧЕ ЛАПНА ОД МАКЕДОНИЈА?-НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ВО ПЛАМЕН

„Го запаливме кобниот Букурешки договор како ништовен за нас и како порака до сите што сакаат на најперфиден начин да не ликвидираат дека не се сме заспани, туку дека сме будни пред злото што тропна на нашата врата и дека ќе му се спротивставиме со сите возможни средства….Денес Европа го поддржува фашистичкиот концепт на Грција и на нејзината „Златна зора“ што произведува геноциден мрак. Таа ги затвора очите пред тој фашистички налет затоа што можеби сака да го сокрие фашизмот во сопствениот двор. Но до кога?…
Како да се одбраниме од вампиризмот на новиот Букурешки договор на истите европски сили, кој сака да не докрајчи, сега со замисленото менување на името, изјави денеска писателот Ефтим Клетников, член на групата „Македонски манфисет“ која денеска на плоштадот „Македонија“ во во Скопје го запали Букурешкиот договор.
Со ова палење, групата Македонски манифест ја изразува ништовноста на тој акт за Република Македонија и истовремено го крева гласот против скриените обиди и отворените притисоци на меѓународната заедница да ја повампири историјата за да се продолжи геноцидот врз Македонците.
10 август 1913 пред 100 години :
Потпишан е Букурешкиот договор, со кој е поделена македонската територија. Пред потпишувањето грчкиот претставник Никола Политис имал предлог членот 1 да гласи: „За да се воспостави мир и хармонија меѓу договорните страни…“.
Бугарскиот претставник Симеон Радев не се согласил со зборот хармонија, по што тој бил избришан. Во круговите на делегациите на ова се гледало како на лош знак.
Србија ги добила вардарскиот дел на Македонија, Kосово, дел од Метохија и дел од Санџак, со што нејзината територија била зголемена за 39.000 квадратни километри и за 1.290.000 жители.
Грција ги добила северен Епир, егејскиот дел на Македонија, Халкидичкиот Полуостров со Солун, дел од западна Тракија и многу острови во Егејското Море.
Видеото може да го погледнете на mkd-news.com
 Денес Европа го поддржува фашистичкиот концепт на Грција и на нејзината „Златна зора“ што произведува гено

Пронајдете не на следниве мрежи: