Спектакуларниот феномен од петокот очекувано предизвика подеднакво спектакуларни теории бидејќи во природата на многу луѓе е да гребнат под површината и кога тоа има смисла и кога нема.
Како што беше очекувано, дождот од метеори ја разбуди фантазијата на многумина, и на интернет гледаме многу толкувања и анализи на случаи пријавени од страна на сите медиуми во светот.
И додека на пример митрополитот Zlatoust Feofan верува дека овој настан бил Божја порака , и дека мораме со молитва да му се заблагодариме што не спаси, други пак мислат дека случувањата во светот на 15 февруари беа вонземјански.
Од приврзаниците на оваа теорија посебно се истакнува снимката на Руслан Бровкин, на која покрај метеорот на небото се гледа уште една светла точка. Интересно е тоа што речиси идентичен пример е забележан само ден претходно во Јапонија, со мала разлика што непознатиот летечки објект се движи во спротивна страна од метеорот во Русија, а и двете тела екплодираат во исто време (0:20 во видеото).
Се разбира, ова е теорија не е многу сигурна, но не треба да не изненадува што се појави, особено кога ќе се присетиме на Тунгунската експлозија од 1908 година.
Всушност, оваа експлозија и денес е мистерија, во која се тврди дека метеорот или кометата кој падна во Сибир бил благодарение на интервенција на вонземјани кои се фокусирале на ретко населена област и го уништиле во атмосферата.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Спектакуларниот феномен од петокот очекувано предизвика подеднакво спектакуларни теории бидејќи во природа