Видео: Крвавата селфи фотографија на Фејсбук и го спаси животот

Сузан Стејси од Кентаки, прикачила „селфи“ фотографија на Фејсбук на која со крваво лице моли за помош.Жената била жртва на семејно насилство, а не била во можност на друг начин да исконтактира со полицијата, бидејќи откако нејзиниот сопруг ја претепал ги искорнал каблите на телефонот од ѕидот.
За таа цел, ја прикачила фотографијата со своето крваво лице на Фејсбук и напишала: „Ве молам помогнете ми“.
Еден од нејзините пријатели на Фејсбук веднаш повикал полиција.
Сузан на полицијата им раскажала дека нејзиниот сопруг Дони Стејси , ја претепал и со помош на пиштол ја удирал по лицето, кога слушнал дека по телефон разговара со некој маж.
Нејзиниот сопруг е приведен и моментално се наоѓа во притвор.

Жената била жртва на семејно насилство, а не била во можност на друг начин да исконтактира со полицијата, бидејќи откако нејзиниот сопруг ја претеп

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.