Постигнатиот договор ги изневери барањата и принципите на протестното движење, на најголемиот дел од сите оние граѓани кои масовно и секојдневно излегуваа на улиците изминатите 3 месеци.Ваков е ставот на партијата „Левица“, чиј прв човек Здравко Савески отворено вели дека СДСМ прифатил премалку и позицијата која граѓанското движење и’ ја обезбедило на најголемата опозициска партија, СДСМ не успеал да ја ефектуира.
-Тоа е наш став, а верувам и на голем дел од луѓето кои протестираат и уште поширокиот дел од граѓаните кои ги поддржуваат протестите се разочарани од што СДСМ прифати премалку. Значи протестите и граѓаните кои протестираат им обезбедија силна преговарачка позиција на СДСМ и таа позиција СДСМ едноставно не успеа да ја ефектуира, вели Савески.
Инаку, токму Савески беше еден од најекспонираните демонстранти на таканаречена „Шарена револуција“, кој меѓудругото беше дел од вандалите кои ја демолираа и запалија Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов и палеше негови фотографии.
– Утврдено е дека Савески кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, соопштија од МВР.
Ваков е ставот на партијата „Левица“, чиј прв човек Здравко Савески отворено вели дека СДСМ прифатил премалку и позицијата која граѓанс