Видео: Љубов на прв поглед: Таа има 78 а тој 39 години!

Љубовната врска помеѓу стар маж и млада жена повеќе не предизвикува чудење во општеството. Но, кога картите ќе се свртат и кога таа е стара а тој млад, тогаш работите се менуваат.Дали разликата во годините е навистина препрека за среќна врска? Дали разликата во годините е навистина препрека за една сречна врска? Тоа се некои од прашањата на кои одговорите се бараат во британскиот документарен филм „Таа има 78, тој 39: Разлика во годините“
Главните улоги во документарците се навистина едни енсекодневни парови. Една Мартин имала 70 години кога го упознала 30-годишниот Симон и тврдат дека се заљубиле на прв поглед на некој концерт.
Симон до тогаш се немал бакнато со девојка а Една веднаш го привлекла.
Парот денес е веќе 8 години во брак. Една има 78 години и има деца кои се постари од нејзиниот сопруг. Кажуваат дека разликата во годините не им претставува никаков проблем, па дури ни во креветот.
„Се однесуваме како зајаци“- рекол Симон кој сега има 39 години. Што се однесува до сексот важно е да се задржи дозата на хумор- рекол Симон.
Не можам да си го замислам животот без Симон. Тој е првото нешто што го гледам наутро кога ќе се разбудам и последното нешто кога одам да спијам.“- кажува Една.

Другиот пар се Џоан(68) и Фил (39). Џоан  доста отворена кога зборува зошто пронашла млад дечко.
„Бев во брак 50 години и сопругот на смртната постела ми рече да си ги зголемам градите и да најдам дечко со кој ќе се забавувам“- кажува Џоан.
Таа го послушала. Ги зголемила градите и тргнала во потрага на друштвената мрежа Фејсбук. И се појавил Фил кого го привлекла нејзината фотографија па одлучил да ја исконтактира. Се пронашле и така се започнало…
 Дали разликата во годините е навистина препрека за среќна врска? Дали разликата во годините е навистина препрека за една сречна врска? Тоа се некои

Пронајдете не на следниве мрежи: