Глад, жед, исцрпеност во Ирак се секојдневна појава. Само една во низата тажни приказни е и судбината на мало парализирано момче кое мајка му го оставила среде пустина во близина на Мосул. Курдски војници го пронашле делумно парализираното момче, исплашено и на работ на смртта. Според докторите, се претпоставува дека момчето поминало цел ден на температура повисока од 40 степени. Гледал во сонцето па очите му се сосема исушени и не гледа. Докторите се обидуваат да му го вратат видот.Неговиот идентитет не е познат, не се знае како точно останал сам во пустината, но се претпоставува дека мајка му, една од бегалците, го ставила не можејќи повеќе да го носи. Бегалците претпоставуваат дека го продолжила патот со останатите деца за барем некој да биде спасен. Тежината на оваа одлука е тажна сама по себе, а ова дете е само парче од сликата на ужасот кој секојдневно се случува во Ирак.
“Исламистите почнаа да пукаат по луѓето во пустината. Неговата мајка сигурно не знаела што да прави, поготово ако покрај себе имала и други деца“, рекол еден од жителите на бегалскиот камп.
Неговиот идентитет не е познат, не се знае како точно останал сам во пустината, но се претпоставува дека мајка му, една од бегалците, го ставила не
Пронајдете не на следниве мрежи:



