Овој мајмун, наречен Канзи, припаѓа на видод боноби, со кои ние луѓето делиме скоро 99% од нашата ДНК.Докторката Џеред Таљатела постојано го набљудувала и проучувала неговото однесување. Тој разбира не само именки, туку и глаголи, како: трчај, јади, седи…
Канзи може да покажува емоции на среќа и тага, но е способен и за емпатија. Тој дури и умее да состави реченици. Пример за тоа е ситуација кога докторката се лизнала и за малку ќе паднела, а Канзи и рекол „Биди внимателна!“
Во една прилика додека го учела зборови, Канзи на докторката и покажал кон компјутерот, кон некоја игра со топка. Кога таа одбила да му дозволи да си игра, тој на компјутерот напишал „топка, сега“. Таа му дозволила, а потоа тој напишал „среќен“.
Тој дури успеал и преку Скајп да му се јави на новинарот кој правел статија за него, и побарал од него да му го покаже фрижидерот.
Бонобите се најслични на луѓето од сите мајмуни. Во нивните заедници нема доминантни мажјаци и борби, сите се еднакви. Интересен е и фактот што покра луѓето, тие се единствените животни кои имаат секс за задоволство. Тие буквално водат љубов на секои 15 минути. Исто така се многу емоционално интелегентни. Кога некој од мајмуните во групата ќе умре, тие може да го оплакуваат со денови.
Докторката Џеред Таљатела постојано го набљудувала и проучувала неговото однесување. Тој разбира не само именки, туку и глаголи, ка



