Масовни анти-НАТО протести се одвиваат во моментов во Варшава со илијадници демонстранти гневни на тоа што главниот град на Полска е домаќин на НАТО самитот. Демонстрантите се собрале во градот и тргнале во протестен марш до националниот стадион каде што во моментот се одржува самитот на НАТО. Меѓу транспарентите кај демонстрантите можеше да се забележат и пораки „Стоп за НАТО, Стоп за војната“ и „Јенки одете си дома“Имаше преку 1.000 луѓе што не е лошо ако го земеме во предвид дождот и околностите. Сите беа силно мотивирани и речиси стигнавме каде што сакавме. – вели еден од демонстрантите член на групата „Не за војна, не за НАТО“.
Меѓу демонстрантите се најде и Ен Врајт, бивш висок претставник на Стејт Департментот. Таа за РТ изјавила дека верува дека веќе е време алијансата да престане да ја обвинува Москва за се.
„Мислам дека има сериозни препреки во демонизацијата на Русија од страна на НАТО, и тоа е добро бидејќи треба да ги смириме тензиите помеѓу НАТО, САД и Русија“, изјавила таа.
Активисти од Полска, Русија, Велика Британија и Германија беа меѓу демонстрантите. Нивниот марш низ главниот град на Полска заврши со прес конференција која ја одржаа анти-НАТО, анти-војна активисти.
За овие протести во Македонија ниту еден медиум не собра доволно храброст да информира, освен протоколарните информации од изјавите на лидерите на НАТО.
Имаше преку 1.000 луѓе што не е лошо ако го земеме во предвид дождот и околностите.