Цревни и кожни заразни заболувања се регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца, a заболени биле пријавени и во Смилковци, објави ТВ Нова.Доктор Ангелевски од Итната медицинска помош информираше дека екипите на Итната медицинска помош се постојано на терен и само денеска се прегледани побвеќе од 50 пацинети.
-Обично се работи за хронично болни, дел од нив се прегледуваат на лице место и им се дели терапија, а тие што се потешко болни се хоспитализираат со возило на Итната медицинска помош. Обично пациентите се жалат на висок крвен притисок, стрес реакции,а сега во периодов има и цревни инфекции, рече д-р Ангелевски.
Тој посочи дека многу е важно луѓето да внимаваат, да консумираат флаширана вода, да внимаваат на исхраната,а при чистењето на домовите да користат заштитни ракавици и маски за да не дојде до ширење на инфекции
Ангелевски вели дека обично се жалат повозрасните пациенти, но не се исклучени помлади пациенти со цревни инфекции, диареја, покачена температура, болки во стомакот.
Во поплавените подрачја се забележани и пациенти со кожни болести за кои се грижат лекари од Кожната клиника.
Жителите посебно треба да внимаваат да немаат контакт со мртво животно, докторот советува совет граѓаните сами да не го допираат добитокот, да повикаат стручни лица од АХВ кои што понатаму ќе превземат соодветни мерки.
Механизацијата на терен и во Страчинци
Градежна механизација активно работи на терен и во селото Страчинци каде патната инфраструктура беше речиси цеслосно уништена по силното невреме кое во саботата попладне го зафати Скопје и околината.
При посетата на надлежните во понеделникот беше најавено дека во најскоро време екипи ќе излезат на терен. Во овој дел, каде невремето најголема штетеа предизвика на инфраструктурата, веќе интензивно се работи на санирање на истата.
Доктор Ангелевски од Итната медицинска помош информираше дека екипите на Итната медицинска помош се постојано на терен и само денеска се прег