Видео: Морбидна уметност: Со помош на игла и конци прави портрети на дланка!

Loading...

Шпанскиот уметник Давид Катa ја подигнал уметноста на едно сосема ново ниво. Користејќи игла и конци, тој „шиел“ портрети на драги луѓе на својата дланка нарекувајќи ја својата серија на уметност „Под кожа“.„Ова се лицата на луѓето кои на некој начин го обележале мојот живот. Нивните животи се преплеткуваат со моите, градејќи една приказна“- објаснува Ката за својата инспирација.
Она што го чини ова уметничко дело посовршено не е зашиениот конец во дланката, туку трагите кои настануваат кога конците ќе се извадат.

„Болен е фактот што сеќавањата одеднаш се бришат, а само материјалните работи остануваат“. – изјавил Ката.
Оваа болка ја прикажал преку својата уметност која симболизира соединување и раздвојување.

Неговите фотографии можете да ги видите ТУКА„Ова се лицата на луѓето кои на некој начин го обележале мојот живот. Нивните животи се преплеткуваат со моите, градејќи една приказна“

loading...
Loading...