Мајк Худсон направил нешто за што сонуваат многумина кои се заситиле од своите здодевни работи и од животот сакаат нешто повеќе.Ова 26- годишно момче со авантуристички дух се заситил од здодевниот живот во Велика Британија па дал отказ, за 2500 фунти купил комбе и го претворил во еднособен стан со бања и наредните 300 дена ги поминал патувајќи по светот.
Работата на комбето траела 4 месеци, но потоа Мајк имал дом на тркала и бил подготвен да се покори пред светот.
„Преку ден работев во канцеларија и работев на интернет страни, а навечер работев на комбето“, рекол Мајк и објаснил како дошло до оваа драстична промана на животниот стил.
„Живеев во Шефилд и навистина го сакам тој град. Имам многу одлични пријатели во Англија, а заедно со еден пријател изнајмував стан. Имав автомобил и добра работа. Но, гледајќи наназад, бев несреќен. Се чувствував заробен и помислив дали е тоа тоа? Не смеам да дозволам тоа да стане мој живот. Сакав да доживеам нешто. Се досадував и во главата имав сон од кој не можев да се ослободам“.
Мајк им ги открил своите планови на колегите и одлучил да ја напушти Велика Британија.
„Бев исплашен, нервозен, но и возбуден бидејќи знаев дека повеќе нама назад. Тоа беше животен експеримент“, рекол Мајк кој моментално живее на грчкиот остров Санторини.
Дневно преживува со само 10 фунти, трошоците за гориво ги дели со автостоперите, а пари заработува на блогови и како уличен забавувач.
„Сакам еден ден да се свртам и да кажам дека навистина живеев и дека направив се што сакав од животот“, заклучува Мајк и додава дека блогот го покренал за да им помогне и на другите да го сторат истото.
Ова 26- годишно момче со авантуристички дух се заситил од здодевниот живот во Велика Британија па дал отказ, за 2500 фунти купил комбе и го п



