Видео: Најубавата божиќна реклама досега!

Лондонскиот ланец  продавници „John Lewis“ ја има најубавата и најемотивна новогодишна реклама. Таа е толку популарна што веќе има и цела кампања со различни производи на „The Bear & The Hare“.Приказна во вид на краток анимиран цртан за мечката која никогаш не го доживеала Божиќ.
Како што е познато, мечките се во зимски сон, па речиси секогаш ја пропуштаат новогодишната ноќ.
Сепак, нејзиниот пријател, зајачето Хери сака да направи нешто посебно и да ѝ ја покаже божиќната магија и празнична убавина.
Затоа, смислува оригинален подарок, часовник, наместен во точно време да заѕвони за да ја разбуди.
Убаво спакуван ѝ го остава во пештерата каде што спие. Во моментот кога сите животни се собираат и се радуваат на своите подароци, мечката сè уште ја нема.
Зајачето е тажно, мислејќи дека нема да се разбуди. Но, таа доаѓа во вистинскиот момент кога блеснува шарената новогодишна елка.
Магичниот момент, топлото чувство, љубовта и пријателството се најубавите подароци кои може некому да ги подарите. Само треба да смислите оригинален начин за тоа да го покажете.
Погледнете ја најубавата божиќна реклама!
Приказна во вид на краток анимиран цртан за мечката која никогаш не го доживеала Божиќ.
Како што е познато, мечките се во зимски сон, па ре

Пронајдете не на следниве мрежи: