Незадоволни од раководењето на клубот од страна на управата, околу 4 000 навивачи на Стандард, го исфрлија гневот низ Лиеж, а како главен виновник за целата новонастаната ситуација го посочија токму претседателот на клубот, Роналд Дукателет.
Вистински хаос владееше во Лиеж, а како сведоци беа и фудбалерите и тренерот на овој тим, бидејќи нешто порано пред да започне овој хаос се претставуваа новите дресови за идната сезона на Стандард.
Преовладуваа и пароли кои беа истакнати од страна на навивачите, една од нив гласеше „Никој од вас нема да може да го убие Стандард“.
Медиумите во Белгија пренесуваат дека незадоволството на навивачите на Стандард кулминирало со отпуштањето на тренерот на овој тим, романецот Мирчеа Редник.Незадоволни од раководењето на клубот од страна на управата, околу 4 000 навивачи на Стандард, го исфрлија гневот низ