Видео: Негувателките ги влечеле и фрлале децата по подот, им давале вино и им се заканувале!

Персоналот на детска градинка заборавил да ги исклучи камерите, а една мајка се логирала нешто подоцна. Се шокирала кога видела што негувателките им прават на децата доколку не спијат!Родителите се шокирале откако го виделе видеото од детската градинка во кое негувателките  ги тепаат нивните деца. Видеата се од минатата година од нелиценцирана градинка во Романија, а излегле во јавноста бидејќи персоналот на градинката заборавил да ги изгаси камерите.
Камерите секое утро се палеле во 9 часот и се гаснела на пладне. Биле вклучени за родителите да можат да ги видат своите деца како се играат. Кога децата оделе да спијат, камерите се исклучувале.
Вино за спиење, кафе за будење
Една мајка се вклучила нешто подоцна и забележала дека камерите и понатаму се вклучени и се шокирала кога ја видела непријатната глетка. Случајот го истражува полицијата и социјалната служба.
Досегашната истрага покажала дека негувателките им давале црвено вино во сокот за побрзо да заспијат и им давале кафе за побрзо да се разбудат.
Родителите неколку пати ја прашувале управта зошто нивните деца доаѓаат дома со модринки, но во градинката им велеле дека децата меѓусебно се туркале. Снимките покажуваат дека негувателките ги туркале децата, ги фрлале и влечеле по подот доколку не сакале да заспијат или ако не сакале да се разбудат.

Градинката и понатаму работи поради „дупките во законот“. Додека случајот не се затвори и се подигне казнена пријава, градинката може да работи. Иако градинката нема лиценца, тоа за властите не  е спорно. Родителите планираат да ја тужат градинката и да бараат оштета. Во градинката  имало околу 60 –на деца стари до пет години.
Родителите се шокирале откако го виделе видеото од детската градинка во кое негувателките  ги тепаат нивните деца. Видеата се од минатата годи

Пронајдете не на следниве мрежи: