ВИДЕО: Нејзиниот сопруг со години ја тепал. Но, оддеднаш се појавила група мотористи пред нејзината куќа…

Со години Карен и нејзината ќерка биле жртви на семејно насилство. Нејзиниот сопруг постојано физички и психички ги малтретирал, па поради тоа Карен побарала помош од едно необично место.Групата под име „Моторџии против насилство врз деца“ (Bikers Against Child Abuse – BACA), е организација која ги штити децата кои биле злоупотребувани и се грижат за нивните мајки. Мотото на овие моторџиие „Ниедно дете не заслужува да живее во страв“. Сега Карен и нејзината ќерка се на сигурно и не се плашат од агресивниот маж и татко.
BACA е моторџиска група која има 3.000 членови ширум светот. Многу од нив и самите биле жртви на семејно насилство и злоупотребување.

„Ако некое дете се плаши, на пример да си дојде дома од училиште, ние сме тука да го донесеме дома. После училиште, го земаме и го носиме дома. Ако треба преспиваме и во дворот,доколку детето се чувствува побезбедно“ – објаснил еден моторџија во видеото, кој е главен на оваа група.

Сите моторџии, пред да влезат во оваа група се проверуваат дали имаат кривични пријави, пред да станат членови. После тоа добиваат прекари како „Pooh Bear“ или „Shaggy“. Сите нивни прекари ги прилагодуваат според децата што ги прави уште посимпатични.
Фасцинантно е како оваа група ги разбива сите предрасуди за моторџиите.
Погледнете го овие опасни моторџии со големо срце:
Групата под име „Моторџии против насилство врз деца“ (Bikers Against Child Abuse – BACA), е организација која ги штити децата кои

Пронајдете не на следниве мрежи: