Хрватот Анте Рукавина е хит меѓу светските фудбалски медиуми, но во негативна конотација.Анте Рукавина се чини ќе биде на „воспитна“ кај претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој отсекогаш знаел и умеел да даде по некој совет во однос на вакви случувања, совети кој сите знаеме како ги дава тој.
Динамо Загреб пред околу 20 000 гледачи на „Максимир“ беше поразен со 0-2 од Австрија Виена во првиот дуел од плеј-оф на Лигата на Шампионите.
Натпреварот ќе остане запаметен по тоа што Рукавина, по влезот во игра во 71-вата минута, на местото на Чоп, при резултат 0-1, за само 30 секунди игра заработи директен црвен од главниот судија на мечот, Хауард Веб.
Веднаш потоа, по само 4 минути игра, Австрија Виена дојде до капитална предност пред реваншот во Австрија со 0-2.Анте Рукавина се чини ќе биде на „воспитна“ кај претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој отсеког