Видео: Неверојатен погодок на Герет Бејл

Одличен натпревар се играше во рамките од 27-мото коло од Премиер Лигата меѓу екипите на Вест Хем и Тотенхем, каде гостите славеа со 2-3, најмногу благодарение на фантастичниот велшанец Герет Бејл кој стрелаше два пати во мрежата на домаќините, но вториот негов погодок на овој натпревар беше вистинско ремек-дело.
Први во водство дојдоа гостите токму преку Бејл во 13-тата минута од натпреварот. Керол во 25-тата минута од пенал израмни на 1-1, потоа Џо Кол во 58-мата минута на одличен начин го доведе својот тим во водство од 2-1 правејќи комплетен пресврт на натпреварот. Сигурдсон во 76-тата минута израмни на 2-2 за возбудлива завршница на натпреварот. Герет Бејл со фантастичен погодок му донесе голем триумф на својот тим кој со 51 бод се наоѓа на третото место во англиската Премиер Лига.
Фото: www.bbc.co.uk

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Одличен натпревар се играше во рамките од 27-мото коло од Премиер Лигата меѓу екипите на Вест Хем и Тотенхем, каде гос

Пронајдете не на следниве мрежи: