Новиот самурај на Sony, моделот Xperia Z3, веројатно е еден од најизмачуваните уреди на пазарот. Овој телефон досега беше намачкан со нутела, прелиен со кока-кола, користен со помош на нож…Но, што ако ви кажеме дека постои нов специјалитет, наречен Xperia Z3 Burger? На видеото подолу, телефонот на Sony е „интегриран“ директно во месото на бургерот, а потоа е потпечен и сервиран во чинија.
Изненадувачки, но телефонот успеа да го преживее ова искуство, а дури се користи со помош на сланина. Сензитивниот екран е наменет за користење со ракавици, но очигледно е дека на креативноста и нема крај.
Xperia Z3 не направи бум на пазарот со своите перформанси, вклучувајќи 5,2 инчен FullHD IPS екран, Snapdragon 801 quad-core процесор и 2GB RAM. Сепак, телефонот стана популарен по својата неверојатна издржливост и креативите тестови кои се прават врз него!
Извор: gsm.mk.Но, што ако ви кажеме дека постои нов специјалитет, наречен Xperia Z3 Burger? На видеото подолу, телефонот на Sony е „интегриран“ дирек
Пронајдете не на следниве мрежи: