Тешко е да се замисли подобра реклама од оваа со 78- годишниот Џејмс Морис, бодибилдер и веган кој воедно е и најстариот „pin- up“ на светот.На неговото тело би му позавиделе многу млади момци па не е чудо дека баш тој е модел за најновата кампања „Think before you eat“.
Џим, кој уште од 1985 година е влезен во светот на професионалните билдери, тврди дека неговото здравје драстично се поправило откако станал вегетаријанец, а подоцна и веган.
Протеините во животинските производи се преполни со маснотии и хемија и се доста штетни за нашиот организам“- кажува Морис.
Тој вели: „ Кога сеуште се такмичев јадев се и сешто“ Тоа му пречеше на мојот дигестивен систем. Бев подуван, и незадоволен. Знам дека не би бил сега таму каде што сум ако продолжев да јадам како тогаш.
Во интервјуто објаснува и за навиките во исхраната.
„Млекото е за бебиња“. Луѓето ми се чини дека се единствената врста која продолжува да пие млеко после доењето“. Многу од нив не сфаќаат дека ако престанат да конзумираат млеко, животот и расположението значително ќе им се подобри“.
На неговото тело би му позавиделе многу млади момци па не е чудо дека баш тој е модел за најновата кампања „Think before you eat“.