ВИДЕО Николоски: Ако политичката намера е реваншизам, а не соработка -таа влада нема долго да трае

Во емисијата  „Круг“ на Радио Слободна Македонија гостуваше Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој на прашањето на новинарот дали СДСМ со 60-тина пратеници ќе има стабилна влада и каков период и предвидува, одговори дека тука не е само елемент бројот на пратеници.-Може да има прилично ефикасна влада со 61 пратеник. Мислам дека е најголем проблем политичките намери.  Ако политичката намера е реваншизам, а не соработка таа влада нема долго да трае. И ако таа влада се занимава исклучиво како да му врати на политичкиот противник. Ги слушам луѓе кои им се блиски, вчера го слушав Петар Гошев вели дека треба целосно да се демонтира системот во Република Македонија, дека треба од 4-5.000 луѓе не само да се избркаат од работа туку да бидат казнети, мислејќи на затворски казни. Немаме толку затворски места во државава. Значи ако тргнат со една таква политика и дека се занимаваат само со тоа, одговорот ќе го добијат од граѓаните. Прво за недемократските методи, кои што ќе ги користат. Второ фокусот нема да е на економијата, и ако фокусот не е на економијата , граѓаните ќе споредат и ќе знаат како живееле до пред 6 месеци или 9 месеци и како живеат во тој момент.  Така што мислам уште еднаш дека најдобро решение се предвремени парламентарни избори, но и доколку не се случат не очекувам долг век на оваа влада, нагласи Николоски.
-Прифаќањето на Тиранската Платформа и елементите во неа  кои што се јасно прифатени од Зоран Заев, евентуалното изнесување на неуставен закон за јазици во парламентот, изгласувањето на Декларацијата за геноцид во Република Македонија од 1912-1954 година. Обидот за промена затоа што е потребно двотретинско мнозинство ама самото отворање на тема за симболите, за знамето, за грбот и химната и сите други прашања кои што се отвораат по Тиранската Платформа. Имаат такви далекусежни последици врз политичкиот систем во Република Македонија. Кои тешко било која влада може да ги отстрани и ќе треба многу долг временски период  и едни хармонизирани односи за последиците од нив да се намалат, потенцираше Николоски.
-Може да има прилично ефикасна влада со 61 пратеник. Мислам дека е најголем проблем политичките намери.  Ако политичката намера е реваншизам,

Пронајдете не на следниве мрежи: