На вчерашниот атлетски митинг на стадионот во Варшава, најбрзиот човек на светот Усеин Болт, постави нов светски рекорд во дисциплината трчање на 100 метри, во затворен простор. Пред 20000 гледачи, Болт истрча 100 метри за 9,98 секунди, со што го урна светскиот рекорд на Намибиецот Френки Федерикс од 1996 година, кој гласеше 10,06 секунди.
На второто место се пласираше неговиот сонародник Шелдон Мичел, со време од 10,33 секунди, а трет заврши американецот Трел Кимонс со време од 10,34.
Ова е прва трка на Болт по пауза од една година, следниот негов настап се очекува а биде на атлетскиот митинг во Цирих.
Погледајте го неговиот нов светски рекорд:
Пред 20000 гледачи, Болт истрча 100 метри за 9,98 секунди, со што го урна светскиот рекорд на Намибиецот Френки Федерикс од 1996 година, кој гласеш