Видео: Новинарка раскажа како била тепана и силувана цели 15 месеци!

Во потрага по авантура, оваа новинарка од Канада го претрпела најголемиот хорор во текот на својот престој во Сомалија. Канадската репортерка е киднапирана заедно со колегата и тогашното момче само четир дена откако пристигнала во Сомалија. За 15 месеци преживеала секојдневни брутални силувања, претепување и изгладнување.
Аманда Линдхаут (24), канадска новинарска која заминала да известува од Сомалија, во оваа земја преживеала пекол: била киднапирана заедно со своето момче, групно силувана и неколку пати тепана секој ден во текот на 15 месеци. Странските медиуми пренесуваат дека во текот на овие тортури добила и син, за кој не сака да зборува. 
Целата оваа животна трагедија која траела 460 дена таа ја раскажала во своите мемоари „Куќа на небото“. 
Линдхаут, која најпрво била келнерка, го убедила своето момче, фотографот Најџел Бренан во 2008 година да заминат на авантура во Сомалија, од каде ќе известуваат за медиумите. Меѓутоа, тие се киднапирани четири дена после влезот во земјата, а киднапирањето најверојатно им го организирал човекот кој требало да им помогне да се сместат во оваа држава.
Аманда и Најџел се киднапирани во текот на посетата на еден бегалски камп, а за нивниот откуп киднаперите барале три милиони евра. Аманда веднаш ја одвеле во одвоена просторија, каде брутално ја силувале. За тоа време нејзиното момче било беспомошно додека низ тенките ѕидови слушал како е злоставувана неговата девојка. После овој ужасен чин на Линдхаут на главата и’ приклониле цевка од пушка и играле „руски рулет“.
Таа добила сериозна габична инфекција на лицето, а и отпаднале и ноктите на нозете и косата.
Мислејќи дека малтретирањето ќе престане, двајцата новинари преминале во исламот. Меѓутоа, после сто ноќи мачење Аманда ја одвеле во пустината, каде ја натерале да клечи со нож под грлото. Тогаш и’ било речено да ја побара мајка и’ и да побара милион долари за откуп.
„Плачев во прашината како рането животно кое не умее да зборува“ – напишала Линдхаут во својата книга.
Аманда и Најџел набргу одлучиле да побегнат скокајќи низ прозорецот на бањата и врескајќи истрчале до локалната џамија, барајќи помош. Меѓутоа, преплашените жители не можеле да им помогнат поради киднаперите кои вооружени со пушки трчале по нив. Грабнувачите ги фатиле и ги одвеле во друга куќа, во соба без прозорец преполна со глувци. Ги тепале со пиштоли и ги оковале за да немаат никакви шанси да побегнат.
„Има документи дека Аманда родила момче кое се вика Осама додека била во заробеништво, но таа никогаш не зборува за тоа. Само рече дека преживеала ужаси за кои не може да се зборува“ – пренесува Вашингтон Пост.
Најпосле, во ноември 2009 година нивните семејства собрале илјадници долари и ги преколнувале киднаперите да ги земат тие пари и да ги пуштат нивните најмили. После 460 дена пекол, двајцата биле конечно ослободени.
Овој пар откако го претрпеле сето ова, се разделиле и повеќе не зборуваат еден со друг. Канадската репортерка е киднапирана заедно со колегата и тогашното момче само четир дена откако пристигнала во Сомалија. За 15 месеци преживеала се

Пронајдете не на следниве мрежи: