Видео: Одлучила да јаде само банани 12 дена. Ова се резултатите од нејзиниот експеримент

Јулија Тарбат, нутриционист и мотивационен тренер, одлучила за време на 12 дена да јаде само банани за да го детоксира целиот организам.Како што вели, бананите сами по себе се квалитетно овошје, кое иако е калорично, содржи и фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација создава чувство на ситост кое трае долго. Прво што забележала било големо олеснување во стомакот и „тивко“ варење.
„Имав чувство дека воопшто немам стомак, бидејќи цревата ми работеа многу тивко. Исто така забележав дека сум многу поопуштена, не чувствував никаков срес што беше многу добро. Бев позитивна и креативна“, вели Јулија.
Според нејзините зборови, забележала дека била многу посконцентрирана и имала поостар фокус.

„За прв пат во животот еден ден ми беше доволен да ги завршам сите мои обврски. Не бев напната и можев да се фокусирам на било која задача“, вели Јулија.
Јулија и нејзиниот сопруг Пол инаку се вегани, па оваа диета не им била воопшто тешка, а имаат и своја фарма на која одгледуваат овошје и зеленчук, што им ја олеснува подготовката на оброците.
Пред промената на режимот на исхраната, Јулија страдала од зголемено ниво на шеќер во крвта, дигестивни проблеми, кандида, депресија и хормонален дисбаланс, и со години не можела да се оствари како мајка.
Откако ги направила овие радикални промени, како што вели, здравјето значително и се подобрило, а родила и дете.

Но, не се сложуваат сите доктори и нутриционисти со ваквиот начин на исхрана. Иако свежите намирници имаат помалку соли, а богати се со витамини, од друга страна, некои намирници доколку се конзумираат свежи можат да бидат и контрапродуктивни.
Карфиолот, кељот и брокулата ја нарушуваат работата на штитната жлезда, па лицата кои имаат проблеми со штитната жлезда не би требало да ги конзумираат опвие намирници. Исто така, лицата кои јадат исклучиво свежа храна склони се кон недостаток на витамин В 12, железо, цинк и калциум што доведува до анемија и затоа ваквиот начин на исхрана не им се препорачува на постари лица, трудници и деца.
Во секој случај, пред да се одлучите на радикални промени по прашање на режимот на исхраната, информирајте се кај лекар или нутриционист.
Како што вели, бананите сами по себе се квалитетно овошје, кое иако е калорично, содржи и фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа к

Пронајдете не на следниве мрежи: