ВИДЕО: Огромни дупки се отвораат во Украина. Проголтани се и куќи!

Околу 100 метри широка и 60 метри длабока, оваа огромна дупка личи на кратер направен од метеор.Исплашените жители стравуваат дека нивните домови наскоро ќе исчезнат, откако една дупка одеднаш се отворила во едно украинско село. Според извештаите, дупката голтнала седум куќи.
Проблемите во селото Солотвино, во западна Украина, се појавиле кога пред 220 години почнале да се појавуваат првите рудници за сол. Кога рудниците биле затворени, рударските окна постепено собирале вода, што предизвикало постепено распаѓање на подземната камена формација.
Со тоа, се формирале подземни пештери кои се претвориле во стотина илјади тони земја, како што е јамата на фотографијата.
Селаните велат дека има најмалку пет дупки. Оваа е најголемата. Ова е создавање на тн. Карст пејсаж, кој се формира од распад на растворливи карпи, вклучувајќи доломит и гипс кои се карактеристични кога се формираат вакви дупки.
Селанецот Леополд Уваров (38), рекол: „Оваа огромна провалија е формирана во близина на селото за само еден ден“.
Првата дупка со вакви размери се појавила пред 11 години. Уваров тврди дека сѐ започнало со пропаѓањето на патиштата, дворовите и дека сега на ред се куќите. Тој рекол дека дупките сега се сѐ поблиску до останатите куќи.
Експертот Александар Поштук, кој бил вработен во локалната управа и кој по налог ги затворил рудниците во 2007 година, рече дека решението за оваа ситуација лежи во пополнувањето на тунелите со земјиште. Но, селаните тврдат дека тој процес само го забавува, но не го решава проблемот и не пружиле поддршка за оваа идеја и поради фактот дека проектот би чинел околу 10 милиони фунти и дека пополнувањето на сите рудници ќе трае најмалку седум години.
Реалноста е дека селото може да исчезне во било која фаза. Локалните власти рекоа дека околу дваесетина семејства се преселиле, но 130 семејства одбиваат да го напуштат родното место.Исплашените жители стравуваат дека нивните домови наскоро ќе исчезнат, откако една дупка одеднаш се отворила во едно украинско село. Според извешта

Пронајдете не на следниве мрежи: