Видео: Опседната со славни личности и по 12 часа дневно!

Оваа девојка ги прогонува славните личности 12 часа на ден, нејзиното име е Ванеса Скај Елис која целиот свој живот го посветува на фотографирање себеси со познати личности. Таа троши и до 12 часа на ден за прогонување на ѕвездите по Њујорк, и до сега успеала да собере неверојатно 10 илјади фотографии со познати личности како што се: Џони Деп, Бред Пит, Мараја Кери, Рики Мартин, Анџелина Џоли….Оваа дваесет годишна девојка која работи во еден бар, кажува за нејзиното хоби – сликање со познати личности. Најважното нешто во животот и е да помине неколку часа барајќи позната личност на улиците, да се фотографира и да добие автограм.
Нејзината омилена слика и е онаа со Џони Деп, за кој нагласи дека и е најубав и додала дека никогаш не размислувала да го изневери своето момче со некоја позната личност, но кога би имала можност тоа би бил Деп.
Таа исто така ја сака и Лејди Гага, па секогаш кога ќе наиде на неа, ја запира за да се сликаат. За Брус Вилис не се изјасни најдобро, затоа што никогаш не застанувал да се слика со фановите.

Оваа опсесија ја наследила од својата мајка, која го имала истото хоби, а сега е веќе почината. Кога ќе и заврши ноќната смена таа своето слободно време го поминува во пронаоѓање на некоја ѕвезда во големиот Њујорк.
„Ми се случувало да чекам и по 12 часа пред хотел, но сепак не постои подобро чувство од тоа да се сликаш и запознаеш со позната личност“, изјавила таа.
„Понекогаш поради ова мое хоби спијам по два часа на ден, но што се мора се мора, сепак го правам тоа што го сакам“, додала Ванеса, иако другите тврдат дека оваа нејзина опсесија е екстремна. Таа сепак мисли дека никогаш нема да престане со демнење на познатите личности.Оваа дваесет годишна девојка која работи во еден бар, кажува за нејзиното хоби – сликање со познати личности. Најважното нешто во животот и е

Пронајдете не на следниве мрежи: