Доколку некој со својата појава ви уништил убав спомен, сега можете да го избришете и од главата и од фотографијата во рок од 48 часа. Кашете им збогум на минувачите низ кадарот, но и на поранешните љубовници од фотографиите на кои сте излегле совршено!Го знаете она кога падобранец ќе ви улета во фотографијата и ќе ви ги уништио спомените? Да речеме минувач покрај сликата од летување, останатите туристи во Лувр, поранешниот маж во породилиштето покрај детето …
Сега таа појава има име: фотобомба, а изразот се нашол во Оксвордскиот речник.
Доколку сакате да го тргнете натрапникот, било да е минувач, некој со кого не зборувате, поранешен љубовник, маж, што и да е: сега постои апликација која набрзина ги брише од вашите фотографии, па и од вашиоте животи.
Spruced Up! Ви помага да го избришете минатото, а можете да тргнете мозолчиња или тетоважи.
Сега следува проблемот: за да ви се врати совршената фотографија, потребни се 48 часа и 5 фунти, околу 6 евра.
Авторите ги ретуширале познатите личности, од Кејт Мос и кралицата Елизабета , до кампањите за Диор или Сваровски.
Роб Вилингам, авторот, рекол дека целта му е ретуширањето кое до сега им било понудено на познатите како Џесика Алба или Анџелина, сега да им биде достапно на сите.
Го знаете она кога падобранец ќе ви улета во фотографијата и ќе ви ги уништио спомените? Да речеме минувач покрај сликата од летување, останатите т