Видео: Оваа руска подморница е загатка за НАТО

Русија испроба ново супер моќно оружје – нуклеарна подморница која не може да ја запре ниту еден систем на одбрана, бидејќи целосно е нечујна и може да ја погоди секоја цел на планетата.Во претходните вечери, од подморницата „Јуриј Долгорукиј“, беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. Таа „патувала“ од Баренцовото Море до Камчатка и успешно ја погоди метата на полигонот Кура.
Од Министерството за одбрана на Русија, истакнаа дека ова е прв пат оваа подморница-носач на ракети да носи со себе цел борбен комплет – 16 ракети.
Стратешката нуклеарна подморница „Јуриј Долгорукиј“, е прва подморница од класата „Бореј“. Таа е потполно нечујна, способна да нурне готово половина километар и автономно да плови повеќе од три месеци. Таквите подморници имаат 16 системи за лансирање на ракети „Булава“, кои имаат домет од територијалните води на Русија, до било која точка на Северната хемисфера.
Секоја ракета може да носи 6-10 суперсонични нуклеарни боеви глави, кои имаат индивидуално наведување на целта. Тешки се по 1,15 тони и можат да ја менуваат траекторијата на летот во правец и во висина.
Радиусот на дејствување им е 8.000 километри.
Тие се лансираат под агол, што на подморниците им овозможува да ги лансираат во движење.Во претходните вечери, од подморницата „Јуриј Долгорукиј“, беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“.

Пронајдете не на следниве мрежи: