Видео: Овој брачен пар ќе биде убиен за 10 дена!

Брачен пар на видео снимка моли за помош бидејќи ќе биде убиен за 10 дена. 
Станува збор за холандски сопружници кои биле киднапирани во Јемен откако го напуштиле својот стан. Тие ја повикуваат холандската Влада да им помогне и да го осигура нивното пуштање на слобода, бидејчи како што велат следната недела ќе бидат убиени доколку владата не ги исполни желбите на киднаперите. 
Како што пренесува Дејли Мејл, новинарката Џудит Шпигл и нејзиното момче Будевајн Берендсен исчезнале кон крајот на јуни оваа година, по излегувањето од својот стан во Јемен.
Владата има уште 10 дена да стори нешто! Киднаперите се вооружени и доколку не се постигне договор ќе не убијат!, истакнува парот на снименото видео.
Новинарката ги повикува семејството, медиумите и холандските власти да сторат нешто, бидејќи сака што побрзо да го напушти местото на кое е заробена.
 
 Брачен пар на видео снимка моли за помош бидејќи ќе биде убиен за 10 дена. 

Пронајдете не на следниве мрежи: