Видео: Овој лак за нокти ќе ве заштити од силување

Дали мајка ви некогаш ве предупредила за „фраери“ кои ќе ви стават  „нешто“ во пијалокот и потоа ќе ве искористат? Кажете и да не се грижи повеќе, бидејќи се што ќе ви биде потребно во иднина е маникир.Наскоро ќе се појави нов лак за нокти кој би можел да и го спаси животот  и честа на една жена! Со комбинација на хемија и козметика, четири момчиња на универзитет во Северна Каролина, САД, направиле козметички трик  – Undercover colors”,кој ја менува бојата доколку дојде во допир со дрога која проблематичните момци ја користат за да присилат девојки на секс.
„Со нашиот лак за нокти секоја жена ќе биде безбедна, а се што треба да направи е да го промеша пијалокот со прст. Доколку нејзиниот лак ја промени бојата, ќе знае дека со пијалокот нешто не е во ред“, наведуваат момчињата на официјалната Фејсбук страна.
Момчињата кои го развиле овој лак за нокти, Тејлор Конфреј Мелони, Стефан Греј, Анкеш Мејден и Тасо фон  Виндхајм, се запознале на студиите  за високата школа за технологија на материјали и инженеринг.

„Разговаравме за проблемите во нашето општество, и темата за силување со помош на дроги едноставно исплива. Сите ние познаваме некоја  девојка која  доживеала едно вакво грозно искуство, па се усмеривме на превентивни решенија, поготово  на оние кои можат да се интегрираат во производи кои жените веќе ги користат. Така се роди идејата да направиме лак  за нокти кој ја детектира дрогата за силување“, ркол Мејдон.
Наскоро ќе се појави нов лак за нокти кој би можел да и го спаси животот  и честа на една жена! Со комбинација на хемија и козметика, четири м

Пронајдете не на следниве мрежи: