Дека започнавме по малку лошо на ова Европско првенство во кошарка, покажуваат и крајните резултати од двата натпревари кои поминаа. Некои велат, судиите се криви, некои нашите кошаркари, но сепак можно е да не погодил некој малер познат под името Жерновски…Зошто?Авторот на ова видео, смета дека градоначалникот на општина Центар Жерновски, кој моментално е во Словенија и им дава поддршка на нашите кошаркари е всушност вистинскиот малер, зошто нас ни тргна наопачки ова Европско првенство.
Додека Жерновски си ужива на Евробаскетот во Словенија, родителите од неколку основни училишта во Центар потпишаа петиција до градначалникот на Центар, за да го врати продолжениот престој, кој го укина оваа учебна година, а целата вест може да ја прочитате на следниот линк.
Па, авторот на песната му порачува на Жерновски: „Аман! Врати се“!…За да може среќата во кошарката да се сврти на наша страна, а градоначалникот да продолжи да си ги врши своите работни обврски и да биде онаму каде што е навистина потребен…на своето работно место.
Автор на видеото. Македонија ДекодиранаАвторот на ова видео, смета дека градоначалникот на општина Центар Жерновски, кој моментално е во Словенија и им дава поддршка на нашите кошаркари