Секретарот на СДСМ, Андреј Петров и екс-членот на партијата Стевчо Јакимовски, двајцата кандидати за градоначалници на Карпош, се сретнаа на ТВ дуел на телевизијата 24 Вести.
Петров со една од изјавите јасно даде на знаење дека СДСМ знаеле дека ќе одат на избори и дека требало да го убедуваат Јакимовски во истото, обидувајќи се да го предомислат во намерата.
-Со господинот Јакимовски, до 15 минути пред 12 часот , го убедувавме да не го прави тоа и дека ќе одиме на избори, да издржиме. Тој ни рече „Ако сте вие секта, јас не сум секта со вас да гинам“, рече Петров.
Водителката Оливера Трајковска среде емисија констатираше и тоа му го постави на Петров како прашање: -Тогаш веројатно сте не лажеле нас, дека Декларацијата во Куманово е лага.
По ваквата изјава на Петров, каде тој вели дека СДСМ знаеле дека ќе одат на избори иако најавуваа бојкот, останува отворено прашањето зошто партијата манипулирала со своето членство дека нема да одат на избори.
Извор: КурирСекретарот на СДСМ, Андреј Петров и екс-членот на партијата Стевчо Јакимовски, двајцата кандидати за градоначалници на