Дека Катар плаќа навивачи за да ја бодрат националната селекција е познато од самиот почеток на првенството.Имено, цените се движат во зависност од значењето на средбата, од десет до дваесет долари по човек. Меѓутоа, тоа што го направија шеесетина Шпанци ја минува секоја граница.
Пред неколку недели, Катарците склучија договор со најгласните навивачи на Куенка, Aранда де Дуеро, Порто Сагунто и на Виго, кои во Доха треба да ја анимираат млитавата и малобројна домашна публика и од „петни жили“ да навиваат за Катар.
Чист бизнис, кој има и еден важен услов – овие навивачи, на вчерашната средба Шпанија – Катар, мораа со истата жестина да навиваат и против сопствената татковина. Еве како тоа изгледа…
rkmetalurg.mkИмено, цените се движат во зависност од значењето на средбата, од десет до дваесет долари по човек. Меѓутоа, тоа што го направија шеесетина Шпанци