Oдличен предлог за појадок или вечера. Топол и крцкав бурек кој го сакаат сите, а најмногу му се радуваат децата.Потребни состојки:
– 500 гр готови тенки кори
– 150 гр рендана салама
– 120 гр кашкавал/сирење
– 100 гр кечап
– 200 мл млака вода
– 100 мл масло
– ½ прашок за пециво
Начин на подготовка:
Тавче со кружна форма премачкајте го со зејтин, па првата кора ставете ја на дното.
Во водата истурете го пецивото и промешајте. Следната кора намачкајте со масло (со помош на четка), насоберете ја како хармоника па ставете ја над првата кора. Така направете и со другите кори и редете ги во тавчето додека не се потрошат половина од корите.
Потоа одозгора уште малку ставете масло за готвење и со рацете напрскајте ги корите од водата и пецивото за да се навлажнат. Потоа на корите ставете ги кечапот, саламата и кашкавалот, а ако сакате можете да додадете и малку оригано.
Потоа продолжите да ги редете намастените кори една по една и повторно напрскајте ги со водата и пецивото и со масло.
Покријте со кора, одозгора ставете масло и повторно од водата со пециво.
Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути. После 15 минути покријте со фолија за да не изгори одозгора.
Доколку не ви беше нешто јасно, погледнете во видеото:
Исечете го врелиот бурек и служете го со јогурт.
Добар апетит!Потребни состојки:
– 500 гр готови тенки кори
– 150 гр рендана салама
– 120 гр кашкавал/сирење
– 1