Видео: После 2 години од нејзината смрт испрати божиќни подароци на своето семејство

Трогателното писмо на Бренда Шмиц, сопруга и мајка на четири деца, која почина во септември, 2011 година, после борбата со рак на јајникот во четврт стадиум, го трогна целиот свет.Трогателното писмо на Бренда Шмиц, сопруга и мајка на четири деца, која почина во септември, 2011 година, после борбата со рак на јајникот во четврт стадиум, го трогна целиот свет.
Еден месец пред да почине, Бренда напиша писмо до радио станицата Star и го замоли својот пријател писмото да го испрати кога нејзиниот сопруг Дејвид повторно ќе се вљуби.
Екипата од радиото го повика Дејвид во емисија во која секој Божиќ го почестува некој свој слушател, а тој беше и тоа како изненаден кога дозна дека за него имаат писмо од неговата покојна сопруга.
„Здраво, моето име е Бренда Шмиц. Кога ќе го добиете ова писмо, јас веќе ќе ја имам изгубено битката со рак на јајниците. Го пишувам ова писмо за да ви биде испратено од мој драг пријател кој има инструкции да го направи тоа кога ќе дојде вистинско време…“
„Имаме четири момчиња – Картер, Џош, Џастин и мојот мал Макс. Макс е најмал, има две години. Мене ми дијагностицираа рак непосредно по неговиот прв роденден. Ниту едно дете на толку млада возраст не треба да ја загуби својата мајка и ми се насолзуваат очите штом ќе помислам на тоа… Ќе ми недостигаат сите мои момци. Омилен ми беше секогаш оној што стоеше пред мене…“

 
„Причината поради која ви го пишувам ова е што имам една желба. Имам желба за Дејвид, за момчињата, за жената и нејзиното семејство ако и таа има деца. Сакам да знаат дека ги сакам многу… Прво за новата животна партнерка на Дејвид – еден ден разгалување. Фризура, шминка, масажа, облека, шопинг, спа или викенд патување. Што било. Таа го заслужува тоа со тоа што е маќеа на сите тие момчиња и особено што му дава на Макс мајчинска љубов каква што само таа може. Развеселете ја и ќе го ценам тоа. Ти благодарам, те сакам, која и да си. За семејството – магично патување некаде каде што ќе можат да уживаат заедно како семејство и ќе создаваат спомени кои ќе ги паметат засекогаш. И последно за докторите во Mercy Hospital и сестрите. Ноќ исполнета со пијалаци, храна и забава за сè што прават за пациентите со рак кои ги среќаваат. Господ нека ве благослови и чува. Благодарам за ова.“
„Во оваа емисија ги исполнуваме желбите повеќе од 20 години, а никогаш не сме имале вакви желби“, изјави за Des Moines Register директорот на радио станицата Скот Ален.
Сите три желби радио станицата ги исполни со помош на локални спонзори кои семејството го испратија на патување во Disney World.

 

 „Сите во собата плачевме кога го добивме писмото. Не натера да направиме нешто за неа“, заклучи Ален.Трогателното писмо на Бренда Шмиц, сопруга и мајка на четири деца, која почина во септември, 2011 година, после борбата со рак на јајникот во четвр

Пронајдете не на следниве мрежи: