ВИДЕО: Поставила камера на прозорецот од својот стан и потоа се шокирала од снименото!

Жртвата ја објавила снимката на интернет за да му се утврди идентитетот на воајерот. Ниту високите и густи грмушки не можеле да го спречат да ја набљудува 37-годишната жена во бостонската населба Брајтон, пренесува Бостон Глоуб.Жената во вторникот поднесе пријава во полицијата дека видела маж како ѕирка низ прозорецот од нејзиниот стан. За воајерот дознала кога нејзиниот дечко пред неполни три недели ѝ кажал дека забележал маж кој се мотал во близина на нејзиниот стан кога таа не била дома.
Неколку дена подоцна, кога била сама во станот, слушнала звуци од другата страна на прозорецот од дневната соба. Таа веднаш го известила управителот на зградата и поставила решетки, аларм и камера на прозорецот. За време на наредните неколку недели не забележала ништо – сѐ до вторникот.

„Веднаш по туширањето отидов да ја проверам камерата. Одеднаш видов снимка од маж кој ѕирка низ прозорецот“, рекла жената.
Жртвата се надева дека со помош на видеото ќе се идентификува и фати воајерот:
Жената во вторникот поднесе пријава во полицијата дека видела маж како ѕирка низ прозорецот од нејзиниот стан. За воајерот дознала кога нејзиниот д

Пронајдете не на следниве мрежи: