Видео-Потресна исповед: Родителите ме турнаа во канџите на порнографијата!

Кога имала четири години Равен Калиани родителите ја однеле во филмско студио каде била злоставувана пред камера. Поголем дел од нејзиното детство поминало во сексуално злоставување и снимање на истото. Едно е нејзините најрани сеќавања е кога родителите ја одвеле во студио за изработка на портрети. Биле во пордумот на студиото, а тогаш дошол еден брачен пар со дете.
-Сакаш ли да те фотографираме со ова слатко момче, ја запрашала мајката, а потоа се повлекла во кафетеријата на студиото.
Тоа воедно бил и почетокот на агонијата долга 15 години.
Нејзиниот татко, инаку наставник кој ја загубил својата работа, бил насилен кон неа и кон нејзиниот помал брат, но, се се променило кога Равен почала да „заработува“ па станала фаворит на таткото.
Секако, како што растела нејазината „вредност на пазарот“ се намалувала.
Меѓутоа, истовремено наулила и да го негира сето она што се случувало во семејството.
-Паметам дека мајка ми зборуваше: Ох, таа на тоа нема да се сеќава“- па дури и сама почнував да верувам во тоа.
Во меѓувреме Равен дипломирала на факултет во Лондон и решила да ја раскаже својата приказна. Набрзо врз основа на нејзината приказна е снимен и филм. Имено Равен сега се бори против детската порнографија.

 
Експанзијата на интернетот особено допринесува за детската порнографија. Притоа на интернет може да се најдат многу нерпистојни фотографии од деца.
Најчестиот начин на кои се доаѓа до децата жртви е преку лични и семејни односи.
Равен доживеала големи психолошки нарушувања како последица на злоставувањето. Од мала има бројни болни искуства што довеле до дупки во меморијата.
Во училиште запонала да добива  на момент болни сеќавања кои се појавувале на секунда, но, никој од наставниците не забележал што се случува со неа, затоа што имала добри оценки.
Една од наставничките  ја повикала Равен на разговор поради тоа што била преслаба, а Равен се обидела нешто да и раскаже и да и се довери, но, бидејќи и било страв од родителите не успеала да и раскаже се. Наставничката само успеала да и овозможи работа во еден ресторан. Бидејќи започнала да заработува се отселила од дома.
Кога се запишала на факултет решила да започне со лекување. Терапијата и помогнала да почне да живее нормален живот.
-Многу луѓе кои го гледале мојот филм ме прашуваа како некои родители можат да им го направат тоа на своето дете. На сите им велам дека тоа само се повторило затоа што и моите родители биле злоставувани. Но, тие немале можност да добијат стручна помош.
Равен посочува дека мора да започнеме да ги препознаваме овие луѓе, за да можеме навремено и адекватно да реагираме.
 
Едно е нејзините најрани сеќавања е кога родителите ја одвеле во студио за изработка на портрети. Биле во пордумот на студиото, а тогаш дошол еден

Пронајдете не на следниве мрежи: