Видео: Пред 27 години осудена на смрт а сега е повикана да оди на шопинг со внукот на жртвата

Американката Пола Купер, како тинејџерка била осудена на смрт, излегла од затвор после 27 години и повикана е на шопинг со Били Пелким, внукот на наставничката по веронаука за чие убиство е осудена.
Били вели дека бил посветен на учењето за милост и простување откако неговата баба Рут (78)била избодена со нож и убиена во својот стан за време на грабеж во 1985 година и додава дека се надева дека Пола Купер која сега има 43 години, ќе дојде со него на шопинг.
-Се надевам дека заедно ќе одиме на ручек и ќе купиме нова облека-изјавил Били.
Исто така вели дека Пола му испратила порака од затвор дека по излегувањето од затвор ќе го побара.
„Беше тоа едно долго патување, но едно е сигурно, по она во 1985 година научив многу за љубовта, милоста и простувањето.“- вели Били.
Пола, која тогаш имала 15 години била осудена на смртна казна, а нејзините тројца другари подобро поминале.
Папата барал ублажување на казната
Бидејќи биле многу млада пресудата предизвикала бурни реакции па дури и Папата побарал ублажување на казната.
Па казната биле променета од смртна казна во казна затвор од 60 години. Пола излегла од затвор со 75 долари и одведена е на непознато место каде сака повторно да започне со својот живот.
„Пола напорно работела за да го промени својот живот. Во затвор првенствено била проблематична тинејџерка,  а излегува како нова жена“-напишала нејзината сестра.
 

 Американката Пола Купер, како тинејџерка била осудена на смрт, излегла од затвор после 27 години и повикана е на шопин

Пронајдете не на следниве мрежи: