Вчера се одбележаа 20 години од премиерата на серијата „Пријатели“, односно 2 децении откако Рос, Рејчел, Моника, Фиби, Чендлер и Џои влегоа во нашите дневни соби. Како што знаеме, пред серијата, тие се појавуваа во разни улоги, но во ниедна толку успешна, што би ја дефинирала нивната кариера. Дел од нивните претходни улоги, ако гледаме ретроспективно, се чист срам. Еве еден поглед на улогите на нашите шест „пријатели“, кои сигурно ќе сакаат да ги заборават.
Кортни Кокс, „Masters of Universe“ (1987)
Тоа беше нискобуџетен акционен филм, базиран на цртан филм, со Долф Линдгрен во главната улога. Што би можело да тргне наопаку?
Мет Лебланк, „Red Shoe Diaries“ (1992)
Погледнете како Лебланк носи елек од 1990-тите години во оваа серија, со порнографски содржини. (Предупредување: Експлицитни содржини)
Метју Пери, „Silver Spoons“ (1986)
Актерот со бебешко лице, Метју Пери, го глуми Рики Шредер како момче, кое што е заинтересирано за една девојка.
Лиза Кадроу, „LA on $5 a Day“ (1989)
Погледнете ја младата Кадроу во овој бизарен, црно-бел експериментален филм.
Џенифер Анистон, „The Edge“ (1992)
Актерката се проба во скеч-комедија, во продукција на краткотрајните Фокс серии. Видете како Анистон ги исмева глупавите топ-модели.
Дејвид Швимер, „Blossom“ (1993)
„Рос“ се појави во вулгарна комедија како постаро момче на Сикс, најдобра другарка на Блосом.
Како што знаеме, пред серијата, тие се појавуваа во разни улоги, но во ниедна толку успешна, што би ја дефинирала нивната кариера. Дел од нивните п